САД со скоро 5 милиони заразени, ЦРН РЕКОРД во Австралија

од Vladimir Zorba

Повеќе од шест милиони луѓе во моментот се заразени со коронавирусот во светот, а досега се регистрирани вкупно 18.725.204 случаи според статистичкиот портал „Worldmeter“.

Закрепнати се 11.938.852 лица, додека 704.719 случаи завршиле со смрт, а податоците се од 11 часот наутро.

Светската здравствена организација предупреди дека податоците за бројот на заболени лица не се точни затоа што не сите земји испраќаат ажурирани списоци.

Меѓу активните случаи, 99 проценти имаат благи или умерени симптоми, т.е. пациентите не се животно загрозени.

Најголем број случаи се забележани во САД, по што следат Бразил, Индија, Русија, Јужна Африка, Перу, Шпанија и Чиле.

Црн рекорд во Австралија

Австралиските власти регистрираа рекорден број смртни случаи поврзани со вирусот за еден ден, откако 15 лица починаа во државата Викторија.

Властите во државата Викторија се подготвуваат да го затворат поголемиот дел од економијата, со цел да го стават под контрола вториот бран на епидемијата на вирусот, што се заканува дека ќе се шири низ целата земја.

Рекорден број новозаразени лица е забележан и во Викторија, откако вчера беа потврдени уште 725 случаи на КОВИД 19, и покрај фактот дека во Мелбурн беа воведени итни мерки пред четири недели.

Воведени се итни мерки, исто така, и во Нов Јужен Велс и Квинсленд, откако бројот на жртви на КОВИД-19 во Австралија достигна 247.

Властите на Викторија воведоа полициски час во текот на ноќта и го ограничија движењето на населението во поширокиот дел на Мелбурн.

Премиерот на Викторија, Даниел Ендрјус, изјави денеска дека дополнителни ограничувања ќе значат затворање на повеќето градинки и дека операциите што не се итни, нема да бидат извршени со цел да се ослободат ресурсите за лекување на заразените со коронавирусот.

САД се на работ на пет милиони заразени

Големи куќни забави, свадби на кои не се носат маски, преполни барови и ресторани – ова се причините зошто има повеќе од 155.000 смртни случаи на коронавирус во САД, далеку повеќе отколку во која било друга земја, и зошто земјата бргу се приближува до пет милиони заразени, што е највисоко во светот, пишува АП.

Многу Американци се спротивставуваат на придржувањето кон мерките како што се носење маски и одржување физичка дистанца затоа што сметаат дека се прекумерни или ги загрозуваат нивните слободи.

Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Соединетите држави надмина 4,7 милиони, додека дневно се регистрираат повеќе од 60.000 новозаразени.

Тоа е помалку од врвот забележан во текот на втората половина на јули, кога имало најмалку 70.000 од нив, но бројот на пациенти расте во 26 држави, од кои голем дел се на југот и западниот дел на земјата, а жртвите во 35 земји, пренесува „Глас на Америка“.

Денес во Русија има над 5.200 нови случаи на коронавирус

Во Русија биле регистрирани 5.204 нови случаи во последните 24 часа, а починале 139 лица.

Со вкупно 866.627 заразени, Русија е четврта земја во светот по бројот на случаи на коронавирус, пренесува Ројтерс.

Од почетокот на епидемијата, починале 14.490 пациенти.

Рекорден број новозаразени во Украина

Украина забележа рекордно зголемување на бројот на заразени со вирусот со 1,271 лица денес, соопшти Советот за безбедност и одбрана.

Бројот на заразени значително се зголеми во Украина во текот на изминатите два месеци, откако властите ги олеснија ограничувањата и дозволија повторно отворање на кафулиња, цркви и јавен превоз.

Вкупниот број случаи во Украина е 75.490, загинаа 1.788 луѓе, а до 5 август закрепнаа 41.527 лица.

Во Словенија, 18 ново заразени, едно лице починало

Во последните 24 часа во Словенија беа потврдени 18 нови случаи на коронавирус, а едно лице почина, според новите податоци на владата.

Во тој период биле тестирани 974 примероци, пренесува СТА.

Постојат 202 активни случаи, 22 пациенти во болници, од кои тројца се на интензивна нега.

Вкупниот број заразени во Словенија сега е 2.220, а починале 124 лица.

Во Бугарија 255 нови случаи, 11 починаа

Во Бугарија, потврдени се 255 нови случаи на коронавирус од 5.325 тестирани во последните 24 часа, а уште 11 лица починале.

Од почетокот на пандемијата, заразени се 12.414 лица, меѓу кои и 711 лекари, пренесува БТА.

Во моментов се хоспитализирани 847 пациенти, од кои 41 се во одделенија за интензивна нега.

Слични содржини