Сајмон Пег: Криев дека патам од алкохолизам на снимањето на „Невозможна мисија“

од Stefanija Kuzmanovska

Актерот Сајмон Пег за првпат отворено проговори за зависноста со која се соочил и за лекувањето на кое бил подложен поради алкохолизам.

Тој раскажа како успешно го криел својот проблем додека снимал филмови во 2000-те години.

„Мораш да бидеш многу лукав кога имаш такво нешто во твојот живот. Учиш да го правиш тоа без никој да го забележи затоа што тоа ве обзема. Сака да се одржи и ќе направи што било за да не го запрете“, рекол актерот за Би-Би-Си Радио 4.

Според него, тој бил депресивен алкохоличар, иако имал успешна филмска кариера.

„На крајот дојде до точка што повеќе не можеше да се крие и тогаш, за среќа, успеав да излезам од таа бездна“, рече Пег.

Актерот изјави дека проблемите со менталното здравје му започнале уште во средно училиште, а депресијата неочекувано му се вратила во 2006 година, додека работел на третиот дел од „Невозможна мисија“.

И додека бил на местото „каде што секогаш сонувал да биде“, се чувствувал очаен и тајно пиел на снимањето на холивудскиот хит филм. Алкохолот, како што вели, му помогнал да ја смири емоционалната болка, а раѓањето на неговата ќерка Матилда во 2009 година го натерало да ја признае својата зависност и да ја прифати потребата од рехабилитација.

Слични содржини