Санчез: Социјалдемократските идеи нè спасија во време на кризи и ни помогнаа да ги надминеме предизвиците

од Vladimir Zorba

„Неодамна луѓето велеа дека социјалдемократијата нема иднина, дека нашите амбиции не се споделени и од граѓаните, дека нашите вредности и надежи се осудени да бидат збришани од индивидуализмот или неолиберализмот. Го кажуваа тоа, но потоа дојде пандемијата на КОВИД-19, војната во Украина и започнаа економските кризи. И повторно, социјалдемократските идеи се тие што нè спасија“ рече премиерот на Шпанија, Педро Санчез на изборниот конгрес на Партијата на европски социјалисти.

Тој додаде дека социјалната држава и солидарноста меѓу луѓето дозволија да се надминат предизвиците од кризите и да се тргне напред.

„Радикалната десница расте низ Европа, во многу места поддржана од регуларната десницата која ги имитира нивните аргументи и популистички техники. Целиот напредок што го постигнавме е под ризик. Работничките права, еднаквост меѓу мажи и жени, јавните услуги, слободата и почитувањето на ЛГБТИ луѓето, транзицијата кон пофер и поодржлива економија. Душата на Европа е под ризик. Повторно е на нас, социјалдемократите да го поразиме тоа и да обезбедиме дека историјата ќе се развива во вистински правец“ рече Санчез.

Шпанскиот премиер додаде дека Партијата на европски социјалисти е повеќе од тоа, дека тие се партија на европјаните што веруваат дека заедно сме посилни од разделени.

„Дека социјалната држава е најефективна алатка за обезбедување добар квалитет на живот на сите. Дека социјалната правда и правата на работниците не се пречка, туку основа за вистински економски натпревар. Дека можеме да се бориме и со климатските промени и да обезбедиме одржлив раст, без да запоставиме некој“ рече Санчез.

Слични содржини