СДСМ кон ВМРО, Левица и АА: Зошто сте против 92% од вработените да одмараат во недела? (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

„Отворено ги прашуваме пратениците од опозициските ВМРО-ДПМНЕ Алијанса за Албанците и Левица: што имате против работничките и работниците да го добијат недела како неработен ден? Зошто сте против 92 проценти од вработените во недела да одмараат, а преостанатите 8 проценти кои ќе работат да добиваат до 100 отсто зголемена дневница?“, прашува Милан Живковиќ, претседател на Комисија за труд и социјална политика на СДСМ.

„Всушност, знаеме зошто пратениците од ВМРО-ДПМНЕ Алијанса и Левица ги блокираат измените во Законот за работните односи: тоа го прават за нашето општество да не добие позадоволни и попродуктивни работници и работнички на пазарот на труд а од тоа бенефит да имаат сите! Ваквите измени на Законот, нормално, не им одговараа да се случат пред локалните избори“, посочува тој.

Слични содржини