СДСМ: Мицкоски промаши се што кажа-велеше ќе нема струја, а извезуваме вишоци

од Nikola Popovski

Во време на најтешка енергетска криза во светот, владата предводена од СДСМ обезбеди сигурна и стабилна испорака и ценовна стабилност на на електричната енергија. Паднаа во вода сите лаги и невистини на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, со кои ширеа страв и паника кај граѓаните. Мицкоски велеше дека нема да имаме струја, а за прв пат среде зима се врши и извоз на вишоци електрична енергија од домашно производство, порачаа утрово од СДСМ.

Владеачката партија тврди дека ВМРО-ДПМНЕ ги плашеше граѓаните дека ќе има рестрикции, дека нема да има доволно електрична енергија, а за прв пат во 70 години, со полна пареа работат сите енергетски капацитети во државата и задоволуваат 100 проценти од потребите.

Цената на електричната енергија не се зголемува, со што пропаднаа апокалиптичните сценарија на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Се што кажа Мицкоски прошани, стои во партиското соопштение.

Слични содржини