СДСМ: Мицкоски нема да спречи попис, прв по 19 години

од Берта Китинска

Докажаниот губитник Христијан Мицкоски со повикот за бојкот на пописот ги поттикнува граѓаните на кршење на законите.Во државата не се одржал попис цели 19 години, а последниот обид за попишување на населението во 2011 година пропадна поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ, стои во соопштението од СДСМ.

-Сега кога е донесен законот за попис и се создадени сите нормативни услови за спроведување на оваа важна статистичка операција , Мицкоски, како и секогаш кога се случуваат важни работи, се става на спротивната страна на интересите на државата и на граѓаните

Со пописот што ќе се одржи напролет конечно по речиси две децении ќе се приберат целосни релевантни податоци кои се од особено значење за креирање на издржани политики и стратегии за развој на државата, за стопанството и за граѓаните.

Антинародното и антидржавното ВМРО-ДПМНЕ предводено од губитникот Христијан Мицкоски се противи на напредокот на државата, се однесува штетно, бидејќи пописот е статистичка операција неопходна за развојот на државата, велат од СДСМ.

Слични содржини