СДСМ: На потег е Мицкоски, одговорноста сега е кај него, глас за ЕУ или изолација

од Radmila Tasevska

Од владеачката партија СДСМ велат „сите министри во Влада од редовите на ДУИ, поднесоа оставки до премиерот Димитар Ковачевски, кои ќе се ефектуираат веднаш откакако пратениците на ДПМНЕ ќе гласаат за усвојување на уставните измени“, и додаваат дека„ ставајќи го државниот пред партискиот интерес ДУИ покажа одговорност кон врвната стратешка цел, европската иднина на земјата и сите наши граѓани“.

Од СДСМ велат „со одлуките на Централниот одбор на СДСМ, како и со оваа одлука на ДУИ, сите услови кои ги поставуваше Мицкоски за ДПМНЕ да поддржи уставни измени се исполнети, вклучително и Влада без ДУИ“.

„На потег е Христијан Мицкоски да покаже и докаже дали има државнички капацитет, дали му е важна европската иднина на земјата или само својата фотелја во Белата палата“, велат од СДСМ.

„Членството во ЕУ е врвна стратешка цел, не е борба за власт туку борба за иднината на државата и од тоа СДСМ нема да отстапи.

Гласот за уставните измени е глас за Европа, за сигурна и стабилна иднина.

Со глас за Европа во македонското Собрание Мицкоски и ДПМНЕ имаат шанса, наместо да ја блокираат, наместо да ја одвојуваат македонската од европската агенда, да ја поддржат.

Мицкоски треба донесе одлука, пратениците на ДПМНЕ да дадат поддршка за уставните измени и продолжување на европскиот пат.

Мицкоски мора да донесе одлука и да преземе одговорност, глас за ЕУ или изолација“, стои во сооштението на СДСМ.

Слични содржини