СДСМ: Секој кој ѝ мисли добро на државата ќе ги поддржи уставните измени

од Nikola Popovski

СДСМ утрово соопшти дека очекува поддршка од сите пратеници за отворање на Уставот, со што ќе продолжи втората фаза од преговорите на нашата земја со ЕУ за полноправно членство. Од партијата велат дека „секој кој ѝ мисли добро на државата ќе ги поддржи уставните измени по чие усвојување веднаш ќе се отворат првите поглавја и ќе се забрза процесот на интеграција“.

Според СДСМ, предложените уставни измени дополнително го унапредуваат македонскиот устав и го зајакнуваат македонскиот идентитет и се унапредуваат основните права на деловите од народи кои живеат во Македонија, но и се истакнува посебноста на македонскиот народ.

-Да не дозволиме ситни интереси на поединци и политички кариери скапо да ја чинат државата и да влезе во нова изолација која ќе трае со години. Да не дозволиме самите од внатре да се блокираме на патот кон и ЕУ, туку низ отворена, аргументирана дебата, измените на Уставот да бидат усвоени, стои во соопштението на владеачката партија.

Од пристигнувањето на иницијативата за уставни измени во Собранието, потребни се 30 дена за таа да биде разгледана, по што ќе се одржи пленарна седница на која треба да се гласа.

Односите меѓу Македонија и Бугарија се влошени во изминатите повеќе од две години, откако Софија започна со блокада на македонските евроинтеграции во 2019 година поради историски, јазичен и идентитетски спор. Блокадата се надмина минатото лето со усвојување на францускиот предлог (кој е новата преговарачка рамка) во двете држави и преговорите на земјава со ЕУ почнаа, но остана условот на Бугарија за отворање на поглавјата.

Слични содржини