СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не го знае Уставот и сака да профитира на сметка на трагедијата

од Nikola Popovski

Да не го знаеш Уставот, да не ги знаеш законите и да политизираш национална трагедија, покажува колку ВМРО ДПМНЕ е очајно и по секоја цена сака да профитира на сметка на трагедијата, реагираат од СДСМ на последното соопштение на најголемата опозициска партија.

Според нив, ВМРО ДПМНЕ и овојпат само уште повеќе ја докажува својата деструктивност, безидејност и празнина.

-Надлежните институции се целосно посветени на расчистување на случајот. Независна, професионална, темелна истрага ќе ги даде сите одговори, стои во партиската реакција.

Претходно од ВМРО-ДПМНЕ прашуваа каков е квалитетот на материјалите од кој е изградена болницата во Тетово?

-Зошто немало противпожарни апарати иако на таков пропуст било и предупредувано? Зошто роднини на болни се грижеле во болницата за своите блиски, наместо доволен број на медицински школуван кадар?, соопштија од „Белата палата“.

Слични содржини