СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ сака да ја поткопа независната истрага за пожарот

од Берта Китинска

Предизборна политизација на трагедијата е очајнички обид на ВМРО-ДПМНЕ да покрие тоа што нема понуда и знае дека и следи пораз, велат од СДСМ.

-Нема да дозволиме лагите, некрофилноста на ВМРО-ДПМНЕ да влијаат врз истрагата.

Институциите имаат стручност и капацитет да спроведат темелна и ефикасна истрага.

Вклучувањето на странски експерти во откривањето на причините за пожарот е дополнителна потврда за непристрасност во постапката.

Јавноста навремено ќе биде запознаена со секоја запирка и точка од извештајот на истрагата и дејствијата кои се преземаат, никој нема да биде изземен од одговорност ако истрагата тоа го утврди, соопштија од партијата.

Слични содржини