СДСМ: Во време на криза, Арсовска и ЈСП воведуваат поскап билет

од Берта Китинска

Наместо бесплатен автобуски превоз со кој ги лажеше граѓаните, Данела Арсовска и Јавното сообраќајно претпријатие воведуваат дневен билет од 120 денари, велат од СДСМ.

-Во време на криза, наместо да им помогнат на граѓаните, Арсовска и ЈСП воведуваат поскап билет.Претходно, ова јавно претпријатие преку Арсовска бараше пари за помош од Владата иако тоа е под надлежност на Град Скопје, партиските кадри на Арсовска ја уназадија работата на ЈСП.Заради лични хирови Арсовска го прекина проектот Бас рапид транзит и наместо да воведе бесплатен превоз, воведе нов поскап билет, што само по себе говори за нејзината неодговорност кон граѓаните и Град Скопје.Арсовска не е способна да менацира ниту со сегашната флота автобуси, а не пак да обезбеди 250 нови еколошки автобуси, како што ги лаже граѓаните со месеци, велат од владејачката партија.

Слични содржини