Се огласи Даниела Штајнфелд и испрати силна порака: Ако ви се случило нешто, побарајте помош! (ФОТО)

од Берта Китинска

Актерката Даниела Штајнфелд, која го обвини Бранислав Лечиќ за силување, се огласи на Инстаграм.

– Потребна беше армија од луѓе за да го најдам мојот мир денес. Кога зборував, започна процесот на лекување. Ја направив оваа маица и ја напишав оваа песна за културата на злоупотреба во која и според која живееме. Ако нешто ви се случило, побарајте помош. Пронајдете доверлива личност, стручна помош, СОС линија и споделете ја својата приказна. Тоа е патот кон заздравување. Овој чин го посветувам на мојата терапевтка Бети. Маицата е секси, како и моето постоење – напиша Даниела.

Слични содржини