Се разгледува можноста три села во струшко да бидат ставени во изолација

од Vladimir Zorba

Откако пет лица се заразени со коронавирусот во селата Татеши, Велешта и Лабуништа, општина Струга побара од Владата да се изолираат овие населени места. Заменик министерот за здравство, Арменд Арслани, рече дека оваа опција не е исклучена.

Членот на кризниот штаб од Струга, Дашмир Насуфи за Алсат рече дека, побарал формирање на мобилни тимови кои би извршиле тестирање на жителите од ризичните подрачја, затоа што не доволно се почитувале мерките.

Епидемилозите ги исконтактирале сите лица кои биле во контакт со веќе заразените и им биле земени неопходните материјали, а на оние кои при епидемиолошката анкета не покажале дека се сомнителни им биле издадени решение за изолација.

Сепак и покрај порастот на бројот на заболени, камерата на Алсат низ Струга регистрираше гужви и турканици на градскиот пазар.

Слични содржини