Се самоуби човекот кој ја рани 25-годишната велешанка

од Vladimir Zorba

Се самоуби човекот кој утрово ја претепа, па пукаше и ја рани во стомакот 25-годишната девојка од Велес, пренесе „Батали“.

Полицијата попладнево го лоцираше во неговиот стан, во зграда, на улица Андон Шурков бр. 27, во близина на Интернатот, па во голема акција, се обиде да го уапси. Во акцијата, полицијата употреби шок бомби и солзавец.

Сепак, човекот не дозволил да биде уапсен, па непосредно пред полицијата да влезе во станот, тој се самоубил.

Според порталот, се работи за 38-годишниот З.Т. кој на крајот на 2008 година го убил својот брат и бил осуден на 13 годишна затворска казна.

Слични содржини