Се шпекулираше дека е во врска со Џенифер Анистон, а сега се ожени со колешка: Се венча познат пар

од Stefanija Kuzmanovska

Познатиот актер Џон Хам се ожени со својата колешка од серијата „Manhattan People“ – Ана Осеола.

Двајцата се запознале на снимањето на споменатата серија во 2015 година, а на вечна љубов се заколнале на 24 јуни оваа година во Калифорнија, поточно во Биг Сур.

Како што пренесува „People“, венчавката се одржала на истото место каде се снимало финалето на „Manhattan People“.

Невестата избра романтична венчаница со длабоко деколте, која исто така имаше голем шлиц, додека младоженецот облече класичен црн костум.

Кога младенците се појавиле пред гостите, била пуштена песната од филмот за Џејмс Бонд од 1967 година „You Only Live Twice“. Од колегите на славниот пар, на венчавката присуствуваа Пол Руд, Били Крудуп, Тина Феј, Џон Слетери и други.

Потсетуваме, неодамна беше објавено дека Хам наводно е во врска со Џенифер Анистон, и дека ја изневерува Ана со неа, но тоа остана само на ниво на гласини.

Слични содржини