Се снима филм за Брус Спрингстин, ќе го глуми ѕвезда на хит серија

од Vladimir Zorba

Скот Купер го пишува и ќе го режира „Deliver Me From Nowhere“ – филм за Брус Спрингстин и неговата работа на неговиот шести студиски албум „Nebraska“ од 1982 година, кој почна да се обликува додека тој и E Street Band ги снимаа песните за „Born in the USA“. Станува збор за адаптација на книгата „Deliver Me From Nowhere: The Making of Bruce Springsteen’s Nebraska“ од Ворен Зејнс, објавена минатата година.

Ѕвездата на „The Bear“, Џереми Ален Вајт треба да го игра Спрингстин, а преговорите се во тек со продукциската куќа А24. Снимањето треба да започне во Њу Џерси оваа есен, откако добитникот на Еми ќе го заврши снимањето на третата и четвртата сезона на „The Bear“ во јуни.

Филмот ќе се фокусира на патот на Спрингстин до успехот и статусот како врвен текстописец и композитор, како и неговата борба со депресијата и растењето со татко кој исто така страдал од депресија. Тој истури многу од таа темнина во неговиот албум „Nebraska“ од 1982 година, кој многумина го нарекуваат негово најслабо и најдобро дело во неговата кариера. Тој ги напиша песните за него без намера да ги објави заедно, а ги снимил со едноставен рекордер сам во спалната соба во една куќа во Њу Џерси, неколку години пред да ја издаде „Born in the USA“.

Сценаристот-режисер Купер ја напушти глумата за да режира и да пишува сценарија и го режираше филмот со музичка тема „Crazy Heart“ од 2009 година, со Џеф Бриџис во главната улога, кој доби Оскар. Така Купер се враќа на своите корени со филмот за „Шефот“, а секако интересно е што во проектот активно се вклучени Спрингстин и неговиот менаџер Џон Ландау.

Музичките биографии продолжуваат да бидат главна атракција во Холивуд, а „Боб Марли: Една љубов“ на „Парамаунт“ се смета за еден од најголемите хитови на американскиот бокс офис оваа година. Во моментов се снимаат филмови за Боб Дилан и Мајкл Џексон, а наскоро светлината на денот треба да ја види и филмот за Ејми Вајнхаус. Снимена е ТВ-серија за патот до успехот на познатиот канадски кантавтор Леонард Коен, неодамна премиерно прикажана на фестивалот „ХSeries Mania“.

Слични содржини