Се стравува за смрт на професор откога бил нападнат од ајкула

од desk4

Се претпоставува дека еден наставник е мртов откако бил нападнат од ајкула додека сурфал во саботата, според властите, кои пронашле фрагменти од костум за вода и сомнителни остатоци од неговата даска за сурфање.

Службите за итни случаи биле повикани да направат извештај на плажата Вокерс Рок, на западниот брег на Јужна Австралија, во саботата, се вели во соопштението на полицијата на Јужна Австралија.

Властите не го идентификуваа човекот, но локалните филијали, го именуваа како Сајмон Баканело, 46-годишен наставник во блиското училиште Елистон.

Полицијата во понеделникот соопшти дека открила „два детаља во потрагата по исчезнат сурфер, за кој се претпоставува дека е мртов по напад на ајкула“.

Пронајдени се делови од неговиот костум за сурфање како и парчиња од неговата сургерска даска, соопшти полоцојата по направената форензичка анализа.

За сега не е потврдено дали наставникот навистина бил нападнат од ајкула, од властените лица ќе продолжат да го бараат телото на 46-годишниот, Сајмон Баканело.

Слични содржини