Се вози брзо и без возачка, полицијата казнуваше низ Скопје

од Берта Китинска

За еден ден во Скопје се казнети 181 возач.

Во текот на вчерашниот ден во контроли во главниот град полицијата изрекла 36 казни за управување со брзина поголема од дозволената, 17 мерки за возење без возачка дозвола, 11 за нерегистрирани и технички неисправни возила, 13 за користење на мобилен телефон и пет мерки за поминување на затворен семафор (црвено светло).

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, стои во соопштението.

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот вчера (9 јануари) спровела засилена сообраќајна контрола и на територијата на Охрид.

При тоа биле санкционирани 52 возачи, кои возеле со брзина поголема од дозволената.

Од МВР посочуваат дека засилените контроли ќе продолжат и денеска и во наредните денови, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Слични содржини