Се запали возило на паркинг во Ново Лисиче (ФОТО)

од Nikola Popovski

Претпладнево изгоре возило на паркинг во скопската населба Ново Лисиче.

Пожарот бил изгасен од припадници на Скопската противпожарна служба, при што е утврдено дека нема повредени лица. Не се познати причините поради кои дошло до опожарување на возилото.

На терен излегле и полициски службеници. Засега од Министерството за внатрешни работи се уште нема официјална информација за настанот.

Фото: Локално

Слични содржини