Седница за одложување на пописот: Препукувања меѓу ДУИ и коалицијата АА-А

од Nikola Popovski

Во Собранието пленарка за измени на Законот за попис и за Изборниот законик по скратена постапка. 95 гласови „за“ на власта и опозицијата се за измени на Законот за попис по скратена постапка, додека од Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива беа против. И измените на Изборниот законик за одложување на локалните избори за втората половина на октомври, одат по скратена постапка.

Против за пописот гласаа само седум пратеници, додека кај измените на изборниот законик сите 102 пратеници беа „за“., односно одлуката се донесе едногласно.

– Оваа е знак на демократијата во пракса, ова показател дека пратениците знаат да се усогласат и едногласно да носат одлуки, ова е добар пример за граѓаните што ги претставувамe – рече спикерот Талат Џафери.

Зекирија Ибрахими од Алтернатива вели дека одложувањето на пописот не е во интерес на Албанците.

„Сакам да им честитам на сите Албанци за големата постигната победа. Нема одложување, ниту откажување на пописот со закон. Имаше рок за да се одложи, но благодарение на албанската опозиција, односно на Алијанса за Албанците и Алтернатива, не успеаја да формираат анти-албанска формула“, изјави Зекирија Ибрахими од Алтернатива.

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбер Адеми, порача дека пратенциите на ДУИ  веќе 20 години водат визионерски политики.

-Не случајно граѓаните ја даваат поддршката на ДУИ а не на вас. Тоа е така бидејќи вие наутро имате еден став, напладне друг, кога ќе се разбудите трет. Кој ваш став да го поддржиме? Сами барате средба со Мицкоски а не ги прифаќате нашите понуди за средби за дијалог. Кои политики да ги поддржиме кога сте без компас? Водите празни дневни политики, порача Адеми.

До сега се попишани над 177 илјади лица од дијаспората преку веб апликацијата за самопопишување, извести Државниот завод за статистика. Повеќето од нив се од Швајцарија 58 илјади, Германија 40 ијлади, Италија 25. Во САД се самопопишале 7 484 државјани, Австралија 2 227 и Канада 1 591.

Слични содржини