Седум лидери на ЕУ испратија писмо до Брисел: Го потпишаа и Макрон и Орбан, а еве што стои во него

од Stefanija Kuzmanovska

Седум лидери на ЕУ, вклучително и словенечкиот премиер Јанез Јанша, упатија писмо до Европската комисија во кое изразија загриженост за, како што сметаат, малиот простор за политиките на одделните земји-членки, вклучително и развојот на нуклеарната енергија како дел од напорите за постигнување на климатските цели.

Писмото го потпишаа Јанша, неговиот чешки колега Андреј Бабиш, францускиот претседател Емануел Макрон, унгарскиот премиер Виктор Орбан, полскиот премиер Матеуш Моравиецки, романскиот премиер Флорин Китсу и словачкиот колега Игор Матовиќ.

СТА, која имаше увид во писмото, пишува дека шефовите на државите или премиерите на седумте земји посочиле дека се уште се целосно посветени на климатскиот план за 2030 година.

Меѓутоа, тие се загрижени дека патот што во моментов е поставен за постигнување на оваа цел не остава многу простор за креирање внатрешна политика во согласност со условите специфични за секоја земја.

Слични содржини