Седум нови еколошките автобуси тргнаа на пат кон Скопје (фото)

од Берта Китинска

Градоначалникот на Скопје, на Фејсбук се пофали дека еколошките автобуси кои ќе циркулираат во јавниот градски сообраќај во Скопје, тргнале од Хрватска кон Македонија.

„Некогаш треба да си упорен. Секогаш треба да веруваш. Моето, твоето, нашето Скопје…“, пишува градоначалникот во серијата постови под мотото – Скопје, една поинаква приказна.

Од МАН центарот во Хрватска, пак напишаа дека седум од 33 набавени автобуси за ЈСП „Скопје“ денеска тргнале од Загреб. „Автобусте се набавени преку проектот на ЕБРД, а тендерот го доби „Ауто Хрватска ПСЦ“, пишуваат Хрватите.

Некогаш треба да си упорен. Секогаш треба да веруваш. Моето, твоето, нашето Скопје …Скопје, една поинаква приказна …#Скопје#ЧекорПоЧекор

Публикувахте от Петре Шилегов в Вторник, 19 май 2020 г.

 

Слични содржини