Селфи Заев: Се осмеливме, затоа што сакаме успеси, македонски успеси

од Vladimir Zorba

,,Се осмеливме, затоа што сакаме успеси, македонски успеси. Ние се определивме за иднина. Затоа стигнавме денес тука. Нека биде Преспа патека кон нашата европска иднина“-напиша премиерот Заев од глисерот со кој пристигнаа преку Преспанското езеро на потпишување на  договорот за решавање на долгогодишниот спор за името со Грција, во грчкото село на крајбрежјето на ова езеро, Псарадес .

Во состав на македонската делегација, која оди на потпишување на договорот за името, се и вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, министерот за надворешни работи Никола Димитров и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Слични содржини