Семејство на Шумахер најави тужба поради „интервјуто“ кое беше објавено

од Stefanija Kuzmanovska

Семејството на Михаел Шумахер планира да покрене правна постапка против германскиот неделник поради „интервјуто“ генерирано со вештачка интелигенција со седумкратниот шампион во Формула 1.

Портпаролот на семејството Шумахер, контактиран од „Ројтерс“ во средата за коментар, изјавил дека семејството ќе го тужи издавачот на неделникот Die Aktuelle.

„Светска сензација, прво интервју со Михаел Шумахер!“, Тоа е насловната страница на германскиот неделник Die Aktuelle. Но, излезе дека нема интервју со легендарниот Формула 1 возач.

Зад целата акција стои лажен разговор во кој уредниците на магазинот „Die Aktuell“ со помош на вештачка интелигенција формулирале одговори на прашањата од интервјуто.

„Мојот живот целосно се промени. Децата и сопругата ми се благослов, не би можел без нив“, вели „Шумахер“ во интервјуто и додава:

„Со помош на мојот тим, можам повторно да стојам, па дури и полека да одам. Можеби ситуацијата не е иста како порано, но тоа не ме спречува да се борам“.

Дури на крајот од текстот се додава дека интервјуто е објавено со вештачка интелигенција.

Слични содржини