Сестрата на Ким Јонг Ун испрати ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: „Ќе се намали шансата за меѓукорејски мир“

од Stefanija Kuzmanovska

Јужна Кореја и САД во вторник ќе започнат прелиминарни воени вежби, и покрај предупредувањето на Северна Кореја дека вежбите ќе ја намалат шансата за меѓукорејски мир, објави денеска новинската агенција Ionhap.

Воените вежби, наречени „Обука на персоналот за управување со кризи“, се дизајнирани да ја тестираат подготвеноста на сојузниците да одговорат на потенцијални непредвидени ситуации, пишува „Ројтерс“.

Јужнокорејското министерство за одбрана објави дека времето, обемот и формирањето на вежбите се уште не се финализирани. Јужна Кореја и САД редовно изведуваат вежби главно во пролет и лето, додека Северна Кореја со децении се противи на овие вежби и ги нарекува тест за војна.

Ким Јо Јонг, сестра на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун и висок функционер на владејачката Лабуристичка партија, минатата недела го предупреди Југот дека одржувањето вежби ќе ги поткопа напорите за обновување на односите меѓу двете Кореи.

Имено, двете земји неодамна ги обновија телефонските линии што Пјонгјанг ги прекина пред една година, а Ким и јужнокорејскиот претседател Мун Џе-ин се обидуваат да ги продолжат средбите со цел да ги подобрат меѓусебните односи.

Предупредувањето на Северна Кореја ги натера членовите на владејачката партија на Мун во Сеул да побараат одложување на вежбите за забрзување на меѓукорејското помирување, но лидерот на владејачката партија Сонг Јанг-Жил рече дека вежбите не можат да се одложат бидејќи редовно се одржуваат за одбранбени цели и подготовките се „речиси комплетни“.

Вежбите се намалија во последните години за да се олеснат преговорите насочени кон укинување на нуклеарната програма на Пјонгјанг во замена за олеснување на американските санкции.

Преговорите пропаднаа по неуспешниот самит во 2019 година помеѓу Ким и тогашниот американски претседател Доналд Трамп.

Слични содржини