Северина им порача на новинарите кои ја чекаа: Чувајте се и прво проверете ги информациите

Северина го објави и своето трето обраќање во една недела кое го нарече Љубов во време на корона 3 – Да бидеме луѓе во ова нечовечко време.

На видеото кое го приложила може да се види како новинари, фотографи и сниматели чекаат пред зграда во Белград.

„Чекајње за мама, вчера во 15 часот( мене ме нема, но бар некој наиде за изјава). Драги новинарки, новинари, фотогрепортери, знам дека е тешко време и морате да ја работите својата работа, но ве молам внимавајте едни на други, користете маски и ракавици, бидете одалечени едни од други. Драги уреднички и уредници, знам дека вие само си ја работите работата. Немојте да ги изложувате на непотребен ризик своите фотографи. Вашите новинари нека ја проверат вистинитоста на ‘дојавата’? или ‘налогот одозгора’. Нека тие ‘горе’ прво ги заштитат своите вработени со амски и ракавици. Затоа, луѓе од медиумите, внимавајте на своето здравје и душа. Мојата душа се полни со секој видеоповик со мојот син (бидејќи неговиот татко така одлучи). И ѝ благодарам на добрата душа која го достави ова видео“, напиша пејачката.

https://www.instagram.com/p/B988ORHBkke/?utm_source=ig_embed

Слични содржини