Шаленберг: Ќе испратиме 119.000 вакцини за С. Македонија

од Nikola Popovski

Шефот на австриската дипломатија Александер Шаленберг потенцира дека приоритет за австриската надворешна политика е регионот.

„Виена ќе координира за шесте земји од Западен Балкан, и од мај до август во регионов во неколку транши ќе испрати 651.000 дози на вакцината на Бионтек/Фајзер против коронавирус, од кои 119.000 за Северна Македонија“, вели тој во интервју за МИА.

И покрај незадоволството од динамиката и распределбата на вакцините во некои земји членки, тој не се согласува со оценката дека ЕУ не успеа да обезбеди нивна рамномерна дистрибуција во членките почитувајќи го принципот на солидарност како една од темелните вредности.

„Европската комисија обезбедува вакцини за сите земји-членки на ЕУ. Унијата не падна на тестот туку ги исполнува очекувањата за солидарност што претставува едно од нејзините основни начела. Донацијата на 651 000 дози за Западен Балкан е доказ за посветеноста на ЕУ кон солидарност, бидејќи „никој не е безбеден се додека сите не се безбедни“, уверува Шаленберг.

Слични содржини