Шилегов му оддаде почит на загребскиот градоначалник Бандиќ

од Берта Китинска

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов денеска присуствува на погребната церемонија на загребскиот градоначалник Милан Бандиќ.

Од канцеларијата на Град Загреб соопштија дека градоначалниците на Скопје, на Белград, на Сараево, на Љубљана, на Сплит претпладнево пристигнале  во хрватската престолнина.

Во градската управа претпладнево беа примени Петре Шилегов, градоначалник на Скопје, Зоран Радојичиќ, градоначалник на Белград, Абдула Скака, градоначалник на Сараево, Зоран Јанковиќ, прв човек на Љубљана, Андро Крстуловиќ Опара, градоначалниок на Сплит, итн.

Градоначалникот Бандиќ на последното почивалиште е испратен  со омилените песни: „Очи у очи“, „На омишкој стини“ и „Под брајде“ во изведба на клапата на хрватската морнарица „Свети Јурај“.

Во Загреб беше прогласен Ден на жалост, сите церемонии беа откажани, а знамињата се спуштени на половина копје.

Слични содржини