Шилегов: Папата држи миса во празна црква, првпат во Исламот за Бајрам се е затворено, не гледам зошто би било поразлично кај нас

од Nikola Popovski

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 изјави истакна дека не постои мерка која некоја институција може да ја стави на сила, доколку граѓаните не се сојузници во имплементацијата на тие мерки.

„Јас за жал дадов и радикални изјави затоа што на феномените не смееме да гледаме поедноставено“, изјави Шилегов.

Тој исто така истакнал дека имавме и ќе имаме групно собирање, но трагично е ако граѓаните свесно мислат дека опасноста поминала.

„Светот ја одложи Олимпијата, Папата држи миса во празна црква, за првпат во Исламот за Бајрам се е затворено. Не гледам зошто би било поразлично. Досегашното искуство со однесувањето на верските заедници во земјава не е баш позитивно. Зошто е тоа така, не е мое да судам, порача Шилегов потенцирајќи дека кога е здравјето на граѓаните во прашање потребен е унифициран став.

Слични содржини