Шилегов: Почна реконструкција на Универзалната сала – ќе биде со современ архитектонски изглед

од Берта Китинска

Со гордост можам да најавам дека Универзалната сала конечно се враќа на скопјани во својот препознатлив сјај!, информираше градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

-Почнавме со реконструкција на култниот објект кој ќе биде со современ архитектонски изглед, а ќе се гради по сите светски стандарди. Особено важно е задржување на автентичноста на Универзалната сала, по што сите ние ја паметиме.А, најважно од сѐ е да го вратиме духот на Скопје и сите оние фестивали и настани таму каде што припаѓаат!, вели Шилегов.

Слични содржини