Шилегов: Се надевам дека Арсовска од МКЦ нема да направи сала Расадник

од Берта Китинска

Актуелниот градоначалник на Град Скопје и кандидат за втор мандат на СДСМ, Петре Шилегов прашан за тоа што мисли за идејата на неговата противкандидат Данела Арсовска од ВМРО-ДПМНЕ во врска со тоа што сака да направи центар за младинско претприемништво од МКЦ, Шилегов одговори:

„Се надевам дека Арсовска од МКЦ нема да направи сала Расадник. МКЦ е институција. Разбирањето за градот е од фундаментално значење за скопјани“, истакна Шилегов.

Во врска со изјавите на Мирко Попов, Шилегов истакна дека тој поддржува илјадници сограѓани и нема право на никого да му забранува да го искаже своето мислење, додавајќи  дека  за време на неговиот мандат и имам помогнато на плеада културни работници.

-Убавината е во демократијата, не можам да забрна на некого да си го искаже мислењето, кажа Шилегов.

Слични содржини