Шилегов: Трката за Скопје може да заврши во недела

од Nikola Popovski

Јас сум со граѓаните, изминатите 4 години сме заедно согласно пораките и препораките кои ги добивам, влеговме во реализација на едно многу поинакво Скопје од тоа што го знаевме од 2017 година, Скопје интензивно се развива инфраструктурно, Скопје кое што отвара нови јавни простори, Скопје кое што едноставно станува полека европска метропола, одговори градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на прашањето зошто заслужува уште еден мандат.

Според него, постојат сериозни проценки дека трката за Скопје може да заврши уште во недела.

– Јас кажав во оваа кампања јас не разговарам со моите противници, јас разговарам со скопјани, за мене скопјани се поважни од било кој кандидат во политиката, кажа Шилегов во гостувањето на Тема на денот на ТВ Сител.

Слични содржини