Шилегов за грчки Етнос: Се надевам дека коњот ќе биде отстранет од плоштадот во Скопје

од Берта Китинска

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов во интервју за грчкиот портал Етнос изразил надеж дека како што рекол, коњот ќе биде отстранет од плоштадот во Скопје. Тој за грчкиот весник објаснил дека тоа не е негова надлежност туку на општина Центар, но дека се надева дека споменикот ќе биде отстранет, пренесува МИА.

Шилегов вели дека во моментов работи на отстранување на галиите кои според него биле опасни за градот.

-За мене приоритет е безбедноста на градот, бидејќи трите лажни галии се наоѓаат во реката и може да предизвикаат штета во градот поради можноста за излевање на водата. Но, освен опасен е и бескорисен проект што не му е потребен на центарот на градот. Не припаѓа на нашата традиција, култура и цивилизација, рекол Шилегов.

Во интервјуто градоначалникот зборувал за соработката со градоначалниците на Солун и Атина и пречките кои на тој план ги стави пандемијата на корона вирусот.

Слични содржини