Шкријељ: Сите професори би сакале да знаат како со професорска плата се стигнува до милионски имоти

од Stefanija Kuzmanovska

Пратениците на ВМРО ДПМНЕ да го прашаат својот претседател како со професорска плата се стигнува до милионски имоти, изјави од собраниската говорница пратеничката на СДСМ Санела Шкријељ.

Таа го цитираше Мицкоски, кој самиот рече во едно интервју дека многу тешко се живее и дека бил погоден од инфлацијата, затоа што живеел од професорска плата и едвај скрпувал крај со крај.

„Сите професори и наставници би сакале да знаат како тоа со просечна професорска плата се стигнува до имоти со вредности од милионски суми и во Скопје и надвор од Скопје и како се стекнуваат бизниси кои вредат по 11 милиони евра“, нагласи Шкријељ.

Слични содржини