Шок снимка на Канје Вест: Ја фрли Греми наградата во ВЦ шолја и уринираше врз неа (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Судејќи според неговите објави, Канjе Вест се дружел со американскиот продуцент Хит Бој. Раперот реши да објави видео на Твитер кое шокираше многумина.

Имено, видео материјалот што го објави го прикажува како фрла статуетка на Греми во тоалетот, и уринира на неа.

– Верувајте ми … Нема да запрам – напиша раперот, а потоа продолжи:

– Верувајте ми, нема да застанам сè додека не биде фер. Верувајте ми, од Канје, попознат како Бејби Путин – изјави раперот во својата објава.

Во низата твитови за музичката и модната индустрија, Канје изрази жалење за малиот број Афро-американци на високи позиции, но објави и стихови од Библијата. Тој тврди дека нема да издава повеќе музика сè додека Сони и Универзал не го ослободат од договорите и побара од „секој адвокат во светот“ да ги разгледаат овие договори.

Слични содржини