Шон Бин не сака повеќе да биде убиван во филмовите

од Vladimir Zorba

Веројатно многу обожаватели на актерот Шон Бин знаат дека тој умира во секој филм или ТВ серија во која игра. Во интервју за „Sun“, 60-годишниот актер рече дека се откажал од многу улоги за кои знае дека неговиот лик ќе умре.

Тој умира како Нед Старк во „Game of Thrones“, како Боромир во „Lord of the Rings“, но тоа не е сè. Всушност, тој починал на екранот 23 пати.

Актерот рече дека повеќе нема да прифаќа улоги во кои умира неговиот лик.

„Почнав да одбивам улоги затоа што ми беа понудени само проекти, каде ме убиваат до средината на филмот. Си реков, тоа е тоа! Морам да престанам со ова и да започнам да преживувам, во спротивно сè ќе биде предвидливо за публиката“, рече Бин.

Тој додаде дека успеал да постигне договор за неколку проекти за да го одржи неговиот лик во живот, но со услови тој да биде сериозно повреден.

Слични содржини