Што прави Трамп во последните денови во Белата куќа?

од Nikola Popovski

Администрацијата од страна на американскиот претседател Доналд Трамп започна серија на егзекуции на федерално ниво во последните денови во Белата куќа, објави во четвртокот Би-Би-Си.

Биле закажани пет егзекуции пред инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден на 20 јануари, со што била прекршена 130-годишната традиција да не се прави тоа среде трансфер на претседателската моќ.

Бајден соопштил дека ќе бара укинување на смртната казна

Доколку бидат извршени сите пет смртни казни, Трамп ќе стане претседателот во последните повеќе од сто години, за време на чиј мандат имало најмногу егзекуции, вкупно 13, откако осум биле погубени во јули оваа година.

Брендон Бернард (40) и Алфред Буржоа (56) треба да бидат погубени оваа недела во Тере Хауте, Индијана.

Јавниот обвинител Вилијам Бар изјавил дека неговиот оддел за правда само го спроведува постојниот закон. Но, критичарите велат дека овој потег е загрижувачки и се случува пред преземањето на новиот претседател Бајден, кој рече дека ќе бара укинување на смртната казна.

„Ова навистина е надвор од нормата на прилично екстремен начин“, изјавила Нгози Ндулуе, директорка за истражување во непартискиот центар за информации за смртната казна.

Откако Врховниот суд на САД ја врати смртната казна во 1988 година, егзекуциите беа ретки во САД. Пред Трамп да ја преземе Овалната соба, од 1988 година досега беа извршени само три егзекуции на федерално ниво.

Слични содржини