Што значи отсуството на Меган Маркл од крунисувањето за нејзината иднина во кралското семејство?

од Vladimir Zorba

После разни шпекулации, минатата недела конечно беа откриени плановите на принцот Хари и Меган Маркл за крунисувањето на кралот Чарлс Трети. Бакингемската палата потврди дека војводата од Сасекс сам ќе пристигне во Лондон преку Атлантикот, додека неговата сопруга и децата Арчи и Лилибет ќе останат во семејната куќа во Монтесито.

Одлуката на Меган Маркл доведе до многу дискусии, а посебен фокус беше ставен на иднината и позицијата на војводата и војвотката од Сасекс во кралското семејство. Добро упатените во кралските прилики, правилата и протоколите, се убедени дека отсуството на Меган на таков настан многу ќе влијае на идните кралски собири, односно дека, како што ќе го избегне крунисувањето, ќе продолжи да избегнува да одбележува важни семејни датуми.

И не би било чудно што членовите на семејството на нејзиниот сопруг навистина би ѝ замериле што одбила да дојде на толку важен историски настан. Поради ова, таа сигурно повеќе нема да добива покани за други настани, кои веројатно би ги избегнала самата, доколку се постави прашањето за нејзиното доаѓање.

Иако кралот Чарлс Трети уште еднаш пружи рака за помирување и вклучи фотографија од принцот Хари и Меган Маркл во книгата што ќе биде испечатена како сувенир од крунисувањето, американската актерка воопшто не прави ништо, макар привидно, за да ја среди нивната врска.

И покрај нејзиното отсуство, јавноста внимателно ќе го следи изгледот на принцот Хари, како и реакциите на целото кралско семејство за време на повторното среќавање, што многу ќе влијае на идните односи.

Слични содржини