Шукова: Владата предводена од СДСМ воведе нов пристап во борбата со аерозагадувањето

од desk4

„СДСМ како одговорна партија останува посветена на остварување на ветувањата од План за живот.

Мерките кои ги презема Владата предводена од СДСМ покажуваат дека државата се движи на прав пат.

Силно сме посветени на справување со изворите на загадување на воздухот како единствено правилен пристап во решавањето на проблемот со аерозагадувањето“, рече  Каја Шукова, претседателка на Комисија за животна средина и просторно планирање.

Шукова истакна дека квалитетната и здрава животна околина е важен предуслов за квалитетен живот и дека владата превзема мерки во борбата против аерозагадувањето. 

 „Игнорантскиот однос на ВМРО-ДПМНЕ допринесе овој проблем да заземе сериозен размер, но со конкретни мерки и интензивна соработка на централната власт со локалната самоуправа решавањето на проблемот со аерозагадувањето е на прав пат.

 Квалитетна и здрава животна околина е еден од основните предуслови за квалитетен живот на сите граѓани во Северна Македонија, и во исто време клучна заложба на Владата предводена од СДСМ, со јасна политичка воља и низа на конкретни мерки кои се спроведени во изминатиот период.

 Владата предводена од СДСМ воведе нов пристап во борбата со аерозагадувањето, кој треба да обезбеди постојаност и транспарентна имплементација на мерки во повеќегодишен временски период, со точно определена динамика и во сите области кои се директно поврзани со загадувањето на воздухот“ рече Шукова. 

 

Слични содржини