Силен земјотрес го погоди Крит

од Vladimir Zorba

Силен земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди грчкиот остров Крит.

Атинскиот институт за геодинамика објави дека земјотресот се случил во 16.28 часот на длабочина од 40,5 километри, 20 километри југозападно од Арви, објави Ројтерс.

Противпожарната служба и полицијата објавија дека не добиле повици за помош или извештаи за причинетата материјална штета, пренесува Танјуг.

Слични содржини