Симнувањето на Македонија од листата на даночни раеви – позитивен сигнал за домашните и странски инвеститори

од Vladimir Zorba

Оценката на Брисел дека Македонија ги спровела потребните чекори и ги исполнила критериумите за бришење од т.н “црна листа” на даночни раеви, е добра вест за одговорните компании и бизнимените кои сакаат да инвестираа кај нас , но и потврда за високиот степен на доверба кон нашите институции.

Листата на ЕУ се ажурира два пати годишно врз основа на позитивните промени на секоја земја, а Македонија успеа да излезе од оваа “неславна’’категорија и пред нејзиното последно дополнување и модифицирање. И покрај фактот дека одредена земја ја има на списокот сам по себе не повлекува санкции или казни, веста дека Македонија не е веќе на него, според даночниот советник Павле Гацов е исклучително позитивна.

Ваквиот чекор аргумент плус за избор на Македонија како инвестициска дестинација од страна на мултинационалните компании кои согласно со своите корпоративни кодекси ја преферираат општествената и легислативна одговорност, пред финансискиот успех. Ваквата мерка носи корист и за македонските компании кои имаат прекугранични врски со големи компании, но и ја зголемува довербата на домашните институции пред странскиоте даночни органи и обратно, кога се работи за билатерална даночна документација согласно со Договорите за одбегнување на двојното оданочување и соработката во борбата против даночната евазија , вели во изјава за „Локално“, даночниот советник Павле Гацов.

Посочува дека ваквата категоризација која е поддржана од OECD се користи како извор за квантифицирање на даночните обврски по основ на трансферните цени и кога се работи за деловен однос меѓу големи домашни и странски компании кои имаат некаква форма на поврзаност.

Павле Гацов

Павле Гацов

„Иако се мисли дека само ниските даноци се критериум за влез и излез од оваа листа, сепак основен критериум е транспарентноста, и применетите механизми за избегнување на даночната евазија осоебено кога се работи за пренос на дивидендите кон странските компании – мајки. Во некои од овие земји не постои данок на доход / добивка и единствен услов за регистрација на бизнис во тие земји е плаќањето на годишен надоместок во корист на буџетот на таа земја. Обично овие земји имаат и максимално ниво на доверливост за вистинските сопственици на компаниите“, објаснува Гацов.

Македонија досега беше во иста група со Албанија и Турција, земји кои според оценките, соработуваат и имаат задачи за исполнување. Нашата држава ги исполнила задачите и обврските и сега е во зелената зона на ЕУ за даночни системи, а Албанија и Турција остануваат во портокаловата зона. Србија, БиХ и Црна Гора, веќе го имаат статусот кој сега го има Македонија.

Пред последното ажурирање, оваа листа опфаќаше 50-тина земји меѓу кои: Андора, Аруба, Бахами, Бахреин, Барбадос, Белизе, Бермуда, Британски девствени острови, Кајмански острови, Доминиканска Република, Фиџи, Гибралтар, Гренада,Либерија, Лихтенштајн, Макао, Малдиви, Монако, Нормандски острови, Панама, Гренадини, Самоа, Сејшели, Тринидат и Тобаго, Девствени острови и други. Според македонските даночни прописи, земји со ниски даноци се оние во кои данокот на добивка е помал од 7,5% а ги применуваат земји кои сакаат да привлечат странски капитал.

Покрај Македонија од “црната листа” на ЕУ се тргнати Барбадос, Јамајка и Уругвај а додадени се 16 други меѓу кои и Русија поради задржување на штетниот даночен систем. Целта на листата која се применува од 2017 г. не e оцрнување туку охрабрување на земјите за промени во даночните практики и измени во законодавството. Доколку посочените земји одбијат или не го сторат та, нема санкции туку може да се најдат на списокот под терминот “некооперативни јурисдикции”. Иако Европскиот парламент бараше на листата да бидат вклучени и Холандија , Луксебург, Малта , Ирска и Кипар поради карактеристики на даночни раеви, досега ниту една земја членка на ЕУ не се најде на црната листа.

К.В.С.

Слични содржини