Симптоми кои ги игнорираме, а може да покажат присуство на коронавирус

од Elena Daskalova

Коронавирусот принуди милиони и милиони луѓе од Италија да бидат во карантин и изолација, а новиот регистриран случај во Македонија повторно ја разбранува јавноста, како и бурните реакции на социјалните мрежи.

Со ова, вкупниот број на потврдени заразени во Македонија е четири лица, но тоа не значи дека не треба да ја сфаќаме ситуацијата посериозно отколку што ни се чини. СЗО потсетува дека еден од симптомите кои не смееме да го заборавиме е заморот.

Треската, грозницата и сувата кашлица се важни симптоми, но главен симптом е постојаниот замор кој трае со денови. Други симптоми се болки во зглобовите и коските, затнат нос, воспалено грло и дијареја.

На самиот почеток симптомите се развиваат со мал интензитет. Во 80% од случаите пациентите закрепнуваат без последици, но препораките за претпазливост се следни:

– Често миење на рацете со вода и сапун
– Користење средства за дезинфекција
– Покријте ги устата и носот кога кашлате или кивате
– Искористените марамчиња фрлете ги во ѓубре, а рацете веднаш измијте ги

Препораки за лицата кои доаѓаат од ризични подрачја:

– Пријавете дека сте престојувале во погодено подрачје
– Во следните 14 денови намалете го контактот со други лица
– Ако почувствувате симптоми како покачена температура, кивање, суво кашлање, течење од носот, дијареја, веднаш јавете на дежурните линии и почекајте да добиете соодветни упатства

Особено внимателни треба да бидат лица кои имаат хронични заболувања, висок крвен притисок, срцеви заболувања, белодробни заболувања, автоимуни болести, рак и дијабетес.

Слични содржини