Сирија возвраќа: Ракетирана американска воена база

од Nikola Popovski

Американската воена база во сириската провинција Деир ел-Зор беше ракетарана денес, пренесува Спутник.

Еден ден откако американските воздушни сили ги нападнаа проиранските објекти од двете страни на ирачко-сириската граница, беше снимен ракетен напад врз американска база во источна Сирија.

Според локалните извештаи, базата која била нападната се наоѓа во близина на нафтеното поле Ал-Омар. Најмалку осум ракети паднале врз базата, додека идентитетот на напаѓачот не е познат.

На социјалните мрежи се објавени снимки, на кои наводно, од далеку се гледа бомбашкиот напад.

Слични содржини