Судењето на Гордана Јанкулоска во одвоената постапка за случајот „Тенк“, денеска се одложи. Таа не се појави во судница бидејќи адвокатите приложија медицинска белешка со која Јанкулоска треба да мирува до 15-ти во месецов. Сепак, СЈО ги оспори претходните оправдувања кои Јанкулоска ги доставуваше до судот издадени преку нејзиниот матичен лекар.

 

Преку проверка на државниот санитарен и здравствен инспекторат и комисија од Лекарската комора, СЈО утврдило дека на 31 мај белешки од матичен лекар земал сопругот на Јанкулоска и таа воопшто не се појавила на лекар. СЈО ги оспори тврдењата на одбраната дека на 1 јуни Јанкулоска не била во состојба да дојде зашто била на преглед во здравствена установа на која не и го посочила името. СЈО ги доведе во знак прашања сите претходни издадени медицински белешки од матичниот лекар кој сега е предмет на проверка.

Судијката Добрила Кацарска во знак на разбирање и добра волја го одложи и утрешното рочиште и закажа 20-тина нови термини. Првиот е на 29 овој месец, а вториот на 29 август. Кривичниот суд даде термини и за во септемви и октомври, а на адвокатите им беше посочено дека нема да се прифаќаат никакви оправдувања и медицински белешки во иднина кои би спречиле ефективно и ефикасно водење на постапката./Alsat M

Слични содржини