Скарлет Јохансон „тешка“ 56 милиони долари: Фрустрирана сум

Холивудската актерка Скарлет Јохансон е на врвот на најплатени актерки. Иако снимила повеќе од 30 филмови, не е само тоа она што ја донело на врвот.

Магазинот Forbes ја прогласи за најплатена актерка на 2019 година, за време на која заработи повеќе од 56 милиони долари. Таа започнала да глуми кога имала само осум години, се занимавала и со музика, била водителка, а минатата година најмногу заработи од блокбастерот „Одмазници: Крајот на играта“, за таа улога добила околу 35 милиони долари.

Скарлет е најпозната по улогата во филмот „Изгубени во преводот“, во која играла со Бил Мурај, а оваа година е номинирана за дури два Оскара, за улогите во филмовите Marriage Story И Зајакот Џоџо.

Кога имала осум години ја добила улогата во филмот „Север“, во 1994 година. Зборувајќи за својата прва улога, во интервју во емисијата „Inside the Actors Studio“ таа рекла дека се сеќава како гледала во осветлувањето на сетот и мислела ‘Јас сум дома’. Освен тоа, во истата емисија раскажала зошто одлучила да се занимава со глума.

– Се сеќавам дека бев млада и се чувствуав фрустрирано. Немав начин на кој можев да го изразам она што ми се случуваше во главата, чувствувам дека ми гори мозокот – изјавила актерката.

Јохансон се „обидела“ и во музиката кога во 2008 година објавила албум, а глумела и на Бродвеј, во 2009 година. Освен тоа, таа била водителка на емисијата „Во живо сабота навечер“, каде во 2010 година го запознала својор вереник Колин Џостом.

Слични содржини