Скопјанецот кој беше пријавен за исчезнат, пронајден покрај автопат со повреди по лицето и телото

од Берта Китинска

МВР соопшти дека вчера во 08:00 часот било пријавено дека во село Петровец, покрај автопатот Скопје-Велес, бил пронајден 84-годишниот С.П. од село Петровец, за кој на 22.08.2020 било пријавено дека се оддалечил од домот.

Како што информира полицијата, тој бил со повреди на лицето и телото, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини