Скопјани превезувале мигранти во „бмв“ со француски таблички

од Nikola Popovski

Денеска (03.10.2022) на автопатот “Пријателство”, во близина на Неготино, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица ги лишиле од слобода Б.К.(19) од с.Блаце, скопско и Х.С.(28) од с.Грушино, скопско.

Во возилото “бмв” со француски национални ознаки, кое го управувал Б.К., биле откриени 12 лица мигранти од Сирија. Во наведеното време, на наплатната станица Демир Капија, тој не застанал на знак за запирање и продолжил со движење. Набргу било запрено возилото и тој се дал во бегство, но бил пронајден и лишен од слобода.Додека, Х.С. бил лишен од слобода затоа што со возило “мерцедес”, кое го управувал, бил во улога на претходница.

Лицата биле приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Мигрантите ќе бидат спроведени во прифатно- транзитен центар за понатамошна постапка

Слични содржини