Скопјанка ограбила стружанец во тоалет

од Берта Китинска

Полициски службеници од СВР Скопје – ЕВР Аеродром и Драчево ја лишија од слобода Д.С.(31) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека на 27.09.2020 во 20.00 часот во угостителски објект на ул.„Иван Хаџиниколов“ во Скопје украла пари од Н.Р.(48) од с.Мороишта, струшко.

Според пријавеното, во наведеното време таа во тоалетот на угостителскиот објект од Н.Р. одзела 500 евра и 3000 денари. Набргу потоа, по преземени мерки, Д.С. била пронајдена и кај неа биле пронајдени парите. Таа била лишена од слобода и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини