Скоро 200 лица се пуштени од карантин, по евакуацијата од Вухан

од Nikola Popovski

Првата група француски државјани, евакуирани од кинескиот град Вухан, се ослободени денес од карантин, по две недели.

Ниту едно од 181 лице не било позитивно на вирусот, соопштија официјалните лица.

„Немаше никакви проблеми и луѓето се среќни затоа што заврши“, рече директорот на Црвениот крст, Марк Зилтман.

Патниците по евакуацијата од Вухан, беа ставени во карантин во одморалиштето Кари ле Ру, на Азурниот брег.

Друга група, од 157, која се наоѓа на југот на Франција, сè уште е во карантин, од кои 122 ќе бидат ослободени на 16 февруари, а останатите на 23-ти.

Во Франција се пријавени 11 случаи на коронавирусот.

Слични содржини