Случај „Кујтим Фејзулаи“: Австрија плати 100.000 евра на жртвите од терористичкиот напад во ноември

од Vladimir Zorba

Австриските власти досега платија 100.000 евра како надомест за претрпена болка на жртвите од терористичкиот напад на 2 ноември во Виена.

По терористичкиот напад, кој го изврши Австриецот Кујтим Фејзулаи со македонско потекло, досега 44 лица добиле надомест, според одговорот на министерот за социјални работи, Волфганг Микштајн, на прашањето на пратеникот на партијата „Неос“.

Надоместокот се плаќа за ментална и физичка болка, при што тие мора да се проценат како сериозна телесна повреда.

Кога ја проценува индивидуалната ситуација на барателот за надомест, комисијата мора да ја земе предвид ситуацијата на секој поединец.

Законот за жртви на криминал предвидува право на надомест за претрпената физичка и ментална болка, и паушални суми кои се одредуваат врз основа на степенот на болка од 2.000 до 12.000 евра.

По терористичкиот напад, во кој загинаа четири лица, а 23 беа повредени, 50 лица побараа и добија, врз основа на овој закон, помош од психотерапевт или тим за кризна интервенција.

Слични содржини